| |

Урсула во неполна минута ги уништи лагите на Мицкоски

Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен за неполна минута ја уништи сета антиевропска и антибугарска пропаганда на владата на Христијан Мицкоски.

Стоејќи блиску до него и гледајќи право во неговите очи, Урсула многу јасно и категорично му кажа: Промените на Уставот се ваша должност. Коридорот 8 е стратешки важен за Европа.

Мицкоски, кој со години зборува за бугарски диктат, за европско понижување и тврди дека има поддршка од големите европски земји за неговите предлози – за одложено дејство на промените во Уставот – не се охрабри ниту индиректно да повтори некои негови лаги.

Јасни се заклучоците од денешната ( на 24.10.24 г. бел. ред. )посета на претседателката на Европската комисија на Скопје: Режимот Мицкоски ги замајува своите граѓани. Нема да дозволиме ликвидација на европските стратешки коридори кои минуваат низ територијата на РСМ.

Слични Објави