ВЕРУВАМ ВО ВАКВА ЉУБОВ
Верувам во љубов којa се штити и почитува. Сакам да знам дека некој ми го чува грбот, да ме брани ако не можам сама да се одбранам, да не им дозволи на пријателите да коментираат во мое присуство и на крајoт од денот јас да сум неговата поубава половина без која не може да живее. Кога некој ќе го повреди или не го почитува да го бранам на ист начин на кој ме брани и тој мене…
Верувам во разиграна, страсна љубов. Љубовта е спонтана и многу забавна. Верувам во достоинствена љубов. Љубов што не познава граници, која никому и никаде нема да му смета. Сакам некој кој ќе е со мене и во добри и во лоши моменти каде што љубовта нема да исчезне во тешките времиња и само ќе ни ја зацврсти врската. Знаејќи дека кога заедно поминуваме низ пеколот, нашата врска станува посилна отколку што би била ако сѐ е во ред.
Верувам во љубов која на недоразбирањата гледа како ново научена лекција. Иако двајцата се сакаат еден со друг љубовта не е секогаш лесна. Животот тече, нервоза, вознемиреност, растаженост, погрешно пресметани работи… Некогаш се соочуваме со конфликти и мораме да одлучиме за некои важни работи од животниот пат и на нас останува да одлучиме дали ќе напредуваме или ќе дозволиме животот да не сопне. Верувам во љубов која е прифатена, љубов која не е осудувана, љубов што ја опфаќа индивидуалноста.
Сакам човек кој ќе ме сака онаква каква што сум, со сите грешки, работи кои не се контролираат како болест или минатото ,некој кој ќе го цени мојот труд и мојата борба со животот. Љубовта е двострано чувство, да му помогнеш на саканиот кога паѓа, да го поддржуваш во одлуките, да го расположиш, едноставно да го сакаш безусловно…
Верувам во лојална љубов, сакам во една врска да се чувствувам сигурно и да знам дека нашата љубов е доволна за него и никогаш нема да побара нешто друго или само да остане со мене чекајќи нешто подобро да дојде…
Се обидувам да најдам некој што ќе ме сака или ќе го сакам. Нема да чекам љубовта да се случи природно бидејќи знам што сакам и што треба да дадам за возврат на партнерот. Јас давам сѐ за љубовта и нема да прифатам ништо што е помалку од тоа бидејќи тоа е љубов во која јас верувам и која ја очекувам.
Автор: Атентаторка