(ВИДЕО) ЧЕТИРИ ЛИЦА ПРОБОДЕНИ СО НОЖ ВО БЛИЗИНА НА РЕДАКЦИЈАТА НА „ШАРЛИ ЕБДО“

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во Париз, објавија локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Според АП, двајца осомничени напаѓачи се во бегство.

Засега е непознато во каква состојба се ранетите.

Потсетуваме дека пред 5 години редакцијата на „Шарли Ебдо“ беше нападната од исламистички терористи. Тогаш двајцата напаѓачи тогаш убија 12 лица, 10 вработени во редакцијата на хумористичниот весник и 2 полицајци, а ранија уште 11 лица.