|

(Видео) Голем пожар на границата со Грција кај Дојран, експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна

Голем пожар на отворено изби попладнево на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, пришто експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој се упати на местото на пожарот извести дека огнот се раширил во атарот на селото Селемли, но преминува преку фронтот на Првата светска војна – линија на која има заостанато многу мински неексплодирани средства.

„Во текот на овие два часа, слупшнати се четири силни екслпозии. Не е безбедно пожарникарите да се доближат до него. Пожарот е изгаснат само на еден крак каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат. Остатокот се гаси со ертрактори кои ќе продолжат да дејствуваат“, рече Ангелов.

Пожарот се движи и кон грчка територија, а на едно место е префрлен во оваа држава. За случајот, известен е грчкиот 112 за да бидат подготвени за гаснење од нивна страна.

Слични Објави