(Видео) Извинување до г-н Илија Милчиноски и останати граѓани на Северна Македонија
Во врска со мислењето донесено од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со архивски број 08-355/5 на 07.06.2024 г. во кое се утврдува вознемирување врз основа на национална и етничка припадност во областа на јавното информирање и медиуми од страна на Здружение на граѓани за слободно медиумско изразување ТРИБУНА-Прилеп кон Илија Милчиноски и останати граѓани, по препорака на Комисијата, здружението Трибуна треба да се извини.
Како главен и одговорен уредник на порталот „Трибуна“, кој се издава токму од Здружението на граѓани за слободно медиумско изразување ТРИБУНА-Прилеп сум овластен од раководителот на таа организација да се извинам на г-н Илија Милчиноски и на сите граѓани на Северна Македонија, кои се почувствувале вознемирени од изјавите на Красимир Каракачанов, кој беше гостин во 161-та епизода на подкастот „Коридор 8“ емитувана на 28.01.2024 г.
Извинување до г-н Илија Милчиноски и до сите граѓани на Северна Македонија, кои се почувствувале вознемирени, поднесов како главен уредник на порталот Трибуна.мк во еп. 181 на подкастот “Коридор 8” од 16.06.2024 г. Видеото од подкастот, можете да го видите во продолжение:
Атанас Величков, главен и одговорен уредник на порталот Трибуна

