(Видео) Колев: На Пенов му пречат спомениците на починати Бугари, каков ли е неговиот однос кон живите?

//

Во Македонија имало, има и ќе има Бугари и бугарска заедница. Господинот Пенов, кој е поранешен градоначалник на Скопје и актуелен министер за регионален развој во владата на РСМ, зборуваше за тоа како не требало да има споменици на Татарчев од Ресен (денес РСМ) или на Симеон Радев (исто така од Ресен) или на Андон Лазов -Ќосето од Велес (денес РСМ), Тодор Александров и Иван Михаjлов од Ново Село-Штипско и така натаму, пишува на својот профил Петар Колев, политичар и активист за правата на Бугарите во РС Македонија, како коментар на видео од гостувањето на поранешниот градоначалник на Скопје и актуелен министер за локална самоуправа во владата на Димитар Ковачевски, во телевизијата 24.

„Господине Пенов, Бугарите се составен дел од историското минато на Македонија и идејата за автономија на Македонија и Одринско, а исто така се носители на идејата за независна Македонија.
Вие како политичар, треба се ангажирате со условите што ги постави ЕУ за Македонија да ги започне суштинските преговори со Унијата. Мора да се движиме кон семејството на цивилизираните земји, во кои историјата е наука и во неа наоѓаат место сите идеолошки и политички движења, а не како во Југославија – само комунистичките и пројугословенските.“, пишува Колев.

„Жал ми е за вас, господине Пенов, бидејќи немате капацитет и човечки светоглед да прифатите дека дел од историјата на Македонија се историските личности од албанската, турската или бугарската заедница. Всушност, да бидам што е можно поискрен, морам да споделам дека, ако ги погледнете спомениците на плоштадот во Скопје, ќе видите споменици посветени на Бугари, Албанци и на некои антички Грци. И да, тоа е историското минато на Македонија. Ако не ви се допаѓа вистината, тоа си е само ваш проблем“, продолжува Колев.

Бидејќи минатото на Бугарите во Македонија е веќе потврдено со споменици, поставени од ваши колеги, сега ќе треба да објасните- кои се тие луѓе, за што се бореле и како се чувствувале. Да знаете дека од тоа нема бегање!

„На овој човек му пречат споменици на починати Бугари, каков ли е неговиот однос кон живите?
Затоа ли, ниту еден човек што себе си се определил како Бугарин, не е вработен во Министерството со кое што раководите?“, прашува Колев, во својата објава на социјалната мрежa Facebook.

Еве го и делот од гостувањето на Ристо Пенов во Телевизија 24, што ја предизвика реакцијата на Петар Колев.

Претходна статија

Иран ќе ја укине моралната полиција

Следна статија

Османи: Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот

Најново од Вести