(Видео) „Од двете страни на границата“- приказните на учесниците во кампањата
Кампањата „Од двете страни на границата“ првенствено е фокусирана на младите од Бугарија и од Република Северна Македонија, кои тивко остануваат среде конфликт за кој сносат најмала вина. Тоа се нивните приказни што ќе ги раскажеме, бидејќи само со разбирање на односот на младите од двете страни на границата еден кон друг, би можеле да разбереме и каква би можела да биде иднината на односите меѓу двете земји.
Кампањата има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон потребата од правилна и посветена државна политика во насока на добрососедство и пријателство меѓу земјите, за да покаже дека е време за дипломатија, кохезија и пријателство меѓу братските земји заради светлата иднина на младата генерација и заради заедничката историја, корени и култура.
Бидејќи веруваме дека се учи од добрите примери, повеќе од 16 години Фондацијата Бугарска меморија го покажува својот модел на работа во корист на развивање добри односи од двете страни на границата преку бројните инвестиции на основачот и претседавачот на фондацијата. д-р Милен Врабевски, во РС Македонија.
