(Видео)Радев од Анкара: Поддршката за Украина ќе продолжи во рамките на можностите на Бугарија
Со закрепнувањето на нашиот сопствен одбранбен капацитет, нашата земја се зацврстува во важен фактор на стабилност во критичниот и стратешки важен за Алијансата, црноморски регион. Во врска со тоа нашата земја се фокусира на изградбата на сопствени одбранбени капацитети и за развој на нашата одбранбена индустрија. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на Самитот на НАТО во Анкара.
Радев подвлече дека целта на НАТО за достигнување пет проценти од БДП за одбрана за Бугарија значи развој не само на класичните одбранбени капацитети туку и инвестиции во инфраструктурата, дигиталната поврзаност и сајбер безбедноста.
,,Низа бугарски влади ја поддржуваа Украина на секое поле, со финансиска, со хуманитарна, медицинска и воена помош. Бугарија ќе ја поддржува Украина финансиски во рамките на нашите можности, без тоа да влијае на социјалните расходи и со земање предвид големиот дефицит што остана од претходните влади”, истакна Радев, во однос на Украина.
