|

(Видео) Теракотна женска фигурина и минијатурен златен лист открија во Хераклеја Синтика

Археолозите открија уште интересни наоди во Хераклеја Синтика. Теракотна женска фигурина беше пронајдена во гроб што бил ограбен уште во Антиката, а во близина археолозите од тимот на проф. Вагалински започнаа работа на друг, неограбен гроб.

Вториот гроб е детски, во него е пронајдено играчка коњче, се гледаат и дупчињата каде што биле поставени тркалцата. Таму е најдена и железна стригила – за стружење на потта по спорт или за хигиенски потреби при бањање (пред откривањето на сапунот), соопштија од Archaeologia Bulgarica.

Слични Објави