ВИЗЕР ОСТАНУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

Минатата недела Визер најави дека во зимскиот возен ред укинува три дестинации, што беше протолкувано како негово заминување од Македонија по шест години опслужување на патниците со евтини летови.

Од Министерството за транспорт и врски по неуспешниот тендер изјавија дека Јавниот повик ќе биде објавен во најбрз можен рок, дека нивната цел е да го продолжат континуитетот на евтини летови, да воведат нови атрактивни дестинации и да го стимулирааат развојот на авиосообраќајот во земјата. Додаваат дека целта на Владата е да создаде подобри услови за патување на македонските граѓани и уверуваат дека младите ќе имаат можност да летаат до атрактивни и посакувани дестинации, по поволни цени на авиобилетите.