| |

ВМРО-ДПМНЕ: ОЛИВЕР СПАСОВСКИ МОРА ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

Трет ден Оливер Спасовски молчи за деталите на убиството на Никола Саздовски. Кој е третиот учесник во убиството и зошто до сега не е приведен? Дали власта го крие или во моментот се бара канал за негово бегство од земјата? Ова се дел од прашањата што беа поставени денеска за време на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од ДПМНЕ прашуваат дали не е во тек истото сценарио што се режираше по убиството на Мартин Јанушев. Од опозиционата партија прашуваат уште по чија наредба ова брутално дело е квалификувано како „насилство“. Од ВМРО- ДПМНЕ тврдат дека Скопје не е безбеден град а СДСМ е во коалиција со криминалот. За време на прес-конференцијата тие повторно побааа оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Слични Објави