| |

ВО ЦРНА ГОРА 14 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ВКУПНИОТ БРОЈ ДОСТИГНА 67

Уште 14 лица се заразени со коронавирус во Црна Гора, со што бројот на заболени се искачи на 67, соoпшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Посебно внимание привлекла општината Тузи каде во еден ден биле регистрирани 15 нови случаи. Жителите се во карантин, а полицијата го контролира влезот и излезот. Се тестираат сите кои имале контакт со заболените.

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше потврден на 17 март, а досега почина едно лице.



Слични Објави