| |

ВО ДРЖАВАВА ИМАМЕ СЀ ОСВЕН ОБРАЗОВАНИЕ, ТАКОВ ВПЕЧАТОК СЕ ДОБИВА НЕЛИ?

Далеку сме ние од сѐ и некако бавно се движиме по скалата нагоре за подобар живот, но сепак постои нешто што најмногу ме вознемирува а верувам и многу други граѓани а тоа е насоката по којашто се движат работите во нашето образование.

Иако сме при крај на првото полугодие, секојдневно медиумите Министерството за образование и наука го „тресат“ со по некој скандал.

Никој во државата не зборува на оваа тема, студентите заборавени и оставени на милост и немилост, без струја и вода, заразени училишта со шуга, ученичките домови оставени без храна, скратен бесплатен превоз а за учебници воопшто и да не зборуваме.
Сега ќе објаснам подетално на што мислам …

Вчера на медиумите се појави вест за прекинување на бесплатниот превоз на учениците од Велес, градоначалникот на Велес со своето мнозинство изгласале ваква одлука. Мислите ли дека ваквата одлука е корисна за нашите деца?!

За трагедијата во образованието да стане поголема, денес учениците во ученичкиот дом од Кавадарци останаа без храна.

Овде се поставува прашањето колку образованието ни е бесплатно т.е дали ова е цената што ја плаќаат нашите деца?!

За оваа Нова Година предлагам г. Адеми нашите ученици да ги изненади со новогодишни пакетчиња, односно со книги кои им се очајничко потребни.
Само се прашувам до кога ќе траат овие скандали во нашата држава и до кога секојдневно ќе се соочуваме со проблеми како што се затворање на училиштата поради немање вода, затворање на училишта поради шуга, греење итн.

Држава која се стреми за влез во ЕУ а ги нема основните услови за непречено образување на нашите ученици во 21 век само може да предизвика чудење во Европското семејство.
Децата во државите во Европа им се радуваат на иновациите во сферата од техниката и технологијата, додека нашите ги немаат основните средства- книгите.
Се остава впечаток дека правото и слободата, правото на избор на своето образование на нашите најмили во нашата држава не само што е занемарено туку и во голема мерка отежнато.

Ние од ГДУ како прогресивна конзервативна партија, веруваме дека сѐ може да има своја смисла но никако цената не треба да ја плаќаат нашите деца врз кои треба да ја темелиме нашата иднина.

Затоа г. Адеми ако не знаете како, ние од ГДУ можеме да ви помогнеме околу толку најавуваните реформи во образованието, само прашање е на волја, желба и многу работа.

Автор: Фросина Китановска, член на УК на ГДУ



Слични Објави