ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА НОВИ ПАЦИЕНТИ

Болничките капацитети исполнети до последно место. Најтешко е на одделенијата за интензивна нега каде треба да се примат нови пациенти кои имаат потреба од ципап маска, велат болнички извори за Канал 5.

loading...

Во скопските болници примени се 36 нови пациенти, до овој момент вкупно 467 пациенти се лекуваат на инфективните одделнеија во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени шест лица.

Најголем повеќе од 80 проценти од примените се пациенти кои зависат од кислородна поддршка.

Со прогласувањето на кризната состојба и приватните клиники ќе примаат болни од ковид на сметка на фондот за здравство кој ќе исплаќа сума на пари како што им исплаќа на ковид центрите, граѓаните нема да плаќаат, објаснуваат од министерството за здравство.



loading...