Во селото Старавина пронајдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

/

Во атарот на битолското село Старавина во четвртокот биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби од Првата светска војна, соопшти МВР.

На 10 ноември во 13:30 часот во СВР Битола, било пријавено дека во атар на село Старавина, битолско, биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби кои потекнувале од Првата светска војна.



Пронајдените експлозивни направи биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошно постапување.



Претходна статија

Каевски: Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов заложник

Следна статија

(Видео) ЦУК: Опасност од мост надвозник кај Визбегово

Најново од Вести