Во Софија ќе се изгради споменик на познатиот бугарски револуционер Захариј Стојанов
Советот на бугарскиот главен град Софија го прифати предлогот на претседателот на советот Георги Георгиев и општинските советници Борислав Бориславов, Карлос Контрера, Ирина Јорданова, Грети Стефанова и Иван Таков за поставување споменик на познатиот бугарски револуционер Захариј Стојанов на зелената површина спроти северниот влез на зградата на Народното собрание, известија од општина Софија.
По одржан конкурс за визијата на споменикот на Захариј Стојанов е одбран проектот на Иван Чолаков, Пламен В’лчев и арх. Димитар Младенов. Создавањето и поставувањето на споменикот е целосно финансирано од Иницијативниот комитет, претставуван од Димитар Главчев.
Захариј Стојанов има значајно место во бугарската историја и националната меморија. За многу генерации тој беше и ќе остане пример за несебичен патриотизам и самооткажување во име на една голема идеја – обнова и консолидација на независната бугарска држава. Неговите заслуги за новата Бугарија се огромни – директен учесник во револуционерните борби до формирањето на бугарската државност во 1878 година, хроничар на националноослободителното движење, страстен публицист, вешт дипломат и политичар кој целосно се посветил на Татковината. , пишуваат авторите на проектот.