| |

ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ГИ ИЗВАДИ НА ПОВРШИНА СИТЕ АНОМАЛИИ НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО

Вонредната состојба ги извади на површина сите аномалии на нашето општество. Администрацијата и покрај тоа што требаше да работи со смени или од дома, воопшто не работеше. Земаа плата а не клатеа ни врата. Ние адвокатите тоа најдобро го знаеме!

Судовите и обвинителството целосно беа парализирани, со чест на исклучоци (Кривичен суд Скопје), а само што профункционирааа заминаа на судска ферија.Најдебелиот стап го изедоа адвокатите кои се блокирани повеќе месеци, бидејќи нашата работа зависи токму од овие институции. За сето време, одговорно ги покриваме сите давачки кон државата а никој во меѓувреме не се заинтересира за нашите проблеми.Летото буквално го преспавте и не развивате ниту една мерка која ќе биде функционална и нема да не блокира. Исто како во приказната на Штурецот и Мравката!

И сега пак предлагате мерки кои водат кон целосна блокада на системот а ние треба да ви ја полниме касата.Јас навистина ги молам колегите адвокати, кои ги советуваат креаторите на политика, да им објаснат на луѓево како функционира правосудниот систем, зошто очигледно поима немаат. Пред да донесете било каква одлука, убаво би било да го повикате Претседателот на кривичниот суд Скопје и други судови кои функционираа во време на криза, за да ви одржат лекција за менаџирање.

Најодговорно тврдам дека со примена на овие мерки и добрите практики, кои лесно може да ги пресликате, ќе функционираме со најмал ризик. Во спротивно треба сериозно да размислите како ќе им помогнете на над 3.500 активни адвокати во државата, кои ги оставате без работа, со бесмислените мерки кои ги предлагате.

Став на Павлина Зефиќ

Слични Објави