„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ СО ПРВА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛ ВО САД

„Врба“ на Милчо Манчевски ja освои наградата Најдобар филм на фестивалот во Синеквест, Калифорнија, каде ја имаше американската премиера. Ова е главната награда на Синеквест што ја доделува меѓународно жири, а фестивалот го претстави „Врба“како „филм што нема да го заборавите“.

loading...

Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската долина, седиште на најголемите технолошки гиганти како Фејсбук, Епл, Твитер, Нетликс, Зум, Линкедин. Фестивалот е специфичен по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Годинашното јубилејно 30-то издание на фестивалот место во март, поради пандемијата се одржа онлајн од 1 до 14 октомври, со програма од 154 филмови од САД и светот, учествуваа вкупно 950 артисти, а се одржаа и 95 специјални настани поврзани со филмската работа. Синеквест е и квалификациски фестивал за Оскар со програмата за кратки и анимирани филмови.

Прочитајте повеќе на СДК.мк



loading...