Вучиќ во Ниш – ќебапи, плескавици и политика
Пишува: Ели Јурукова/БГНЕС
Ниш е центар на партискиот собир, организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ. Неговата политичка кујна има подготвено изненадувања.
Вучиќ, со домашна престилка во хотелот „Најс“, ги пече кебапчињата за своите гости по познатото сценарио, според кое пред извесно време ги подготви палачинките за војниците во касарната во градот Лозница. Оние кои дошле во Ниш на денешниот митинг и не можат да стигнат до претседателските кебапчиња, можат јадат бесплатни плескавици пред Народниот театар.
Вучиќ е амбициозен. Пред еден месец за време на студентските протести не успеа да влезе во Ниш, но сега им направи контрамитинг, на кој досега неосвестените можат да станат членови на „Движењето за државата и Србија“ и да му ја покажат својата верност и лојалност.
Ниш е целосно блокиран од вчера. Организиран е превоз за неговите поддржувачи од различни градови, како и забавна програма со познатиот фолк-пејач Аца Лукас, кој се слика како јаде супа со претседателот. Сега доаѓа ред на Вучиќ и неговите ветувања и закани дека ќе воспостави ред во Србија и таа ќе стане нормална и слободна држава, во која сите кои имаат некакви престапи кон власта ќе бидат судени и казнети.
Истовремено, недалеку од партискиот митинг, студентите започнаа свој протест, на кој бараат вонредни парламентарни избори. И покрај заканите на полицијата дека ќе бидат казнети, тие не се откажуваат од протестите. Тврдат дека врз нив се извршува директен притисок да се елиминира граѓанското незадоволство.
Митингот на Вучиќ во Ниш е по белградската рецепта. Истакнато е најдолгото знаме на Србија, а Вучиќ очекува илјадници симпатизери од сите краишта на земјата, како и студенти кои сакаат да учат, а не да протестираат. Очигледно, тој со контрамитинзите сака не само да ги задуши студентските протести, кои веќе траат шест месеци, туку и да ја рекламира и стабилизира новосоздадената организација „За Србија“, која на следните избори ќе се претвори во партија и ќе ја замени компромитираната Српска напредна партија.
Десетина автобуси од Пирот исто така се паркираа на собирот на Вучиќ во Ниш, бидејќи тој е многу лут на градот што е прогласен за персона нон грата. Во Ниш, српскиот претседател отвори и нова проправителствена телевизија и во интервју повторно истакна дека студентските и граѓанските протести се „обоена револуција“ која извршила „тешки кривични дела против образованието и напредокот на Србија“.
Ниш е многу важен за Вучиќ, бидејќи рејтингот на Српската напредна партија опаѓа, а градската општина „Медиана“ во Ниш стана симбол на слободата, бидејќи неговата СНП таму не е на власт.
Ниш, заедно со Белград, се претвора во опозициски оаза во Јужна Србија, но нема кој да ја каже оваа вистина на српскиот претседател.
