| |

ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС СКОПЈАНИ СЕ ШЕТАЛЕ СО НОЖЕВИ

Во текот на минатите два дена, уапсени се двајца скопјани кај кои биле пронајдени ножеви и не ги почитувале мерките за забрана за движење.

На 05.05.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Архиепископ Доситеј“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода А.М.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување.

На 04.05.2020 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“ го лишиле од слобода Ф.Б.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.



Слични Објави