„ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО“- ПРВО МАКЕДОНСКО-ГРЧКА ФИЛМСКА ПРОДУКЦИЈА

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж ја поддржа и првата грчко-македонска филмска копродукција „Зад стоговите сено“ („Behind the Haystacks“) во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, јавува Независен.

Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, национален претставник на Република Северна Македонија во Еуримаж, која редовно учествува во работата на Фондот, учествуваше на последната сесија на европскиот филмски фонд Еуримаж, што се одржа од 22 до 27 јуни 2020 година. На последната сесија се евалуираа 56 копродукциски филмски проекти, од кои само 26 добија финансиска поддршка од фондот.

Еден од проектите што ја доби поддршката е и „Зад стоговите сено“ во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, копродукција меѓу Грција и Германија, каде како копродуцент заедно со носителот од грчката страна е и македонската продуцентска куќа „Сектор филм“ од Скопје. Ова е прв филмски проект меѓу продуцентите од Грција и Северна Македонија во соработка со Германија кој доби финансиска поддршка од Еуримаж.



Слични Објави