| | |

(Фото) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Непознато лице денеска запалило возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Според првичните информации напаѓачот полил и запалил едно возило Сузуки Витара по што огнот зафатил и друго возило паркирано во непосредна близина, јавува Рацин.

По нападот лицето избегало од местото на настанот. Полициски екипи го обезбедуваат просторот пред амбасадата додека други единици преземаат мерки за пронаоѓање на потпалувачот. Нема информации за повредени лица.
Палењето на бугарските автомобили се случува во период на изострена реторика од страна на РС Македонија кон Бугарија.

Надлежните органи треба да го третираат настанот со посебно внимание. Секој напад врз дипломатски објект или возила претставува сериозен безбедносен настан и бара брза институционална реакција до целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност.

Слични Објави