ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА, ПРИВЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА КУМАНОВО

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашеста материја и едно пакување со бела прашеста материја.



Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.