Летната сезона на Арачиново-Бесмира албанофобија заврши. Започна есенската сезона на Делчев-Сандански бугарофобија.
Летната сезона беше за пополнување на вакумот и дефокус од бугарофобијата. Есенската сезона е за дефокус од стравот од отварање на архивите на УДБ.
Како што може да се заклучи од старт-есенските изјави на естаблишментот на СДСМ, ВМРО и ДУИ, стравот од архивите им ги има приближено позициите. Потврдувајќи ја одамна изнесената теза дека најболниот период во историјата на односите помеѓу Македонија и Бугарија не се ниту Самоил, ниту Илинден, ниту Кукушко, туку е историјскиот период на доминација на УДБ во внатрешните и надворешните прилики на Македонија. Кој трае до ден денешен, со несмалена жестина.
Да, за обичните Македонците и Бугарите историјските етно-културни прашања се сензитивни. Но тоа е ништо во споредба со сензитивните, болните, излудувачките прашања за УДБ по сегашниот македонски, албански естаблишмент и шајкача-бугарите во Македонија.
Снисходливоста на Ахмети кон Вучиќ и ефтините провокации на Османи се лакмус тест на таа тревога во скопските кулоари. Фаворизирањето на докажани удбашки кадри во правосудството од страна на СДСМ и ВМРО се надополнение на таа илустрација. Заедно, тие се доказ и потврда на бугарските укажувања дека Скопје ќе глуми спремност за реформи до часот кога ќе добие зелено светло за преговори. Ова поведение на Скопје ќе биде мотивот и причината да Софија повторно стави кочница во истите преговори. Но овој пат, хистеријата на Скопскиот естаблишмент дека тоа Бугарија го прави од националистички побуди (дури и ако е така) – нема да биде примено со таква општо-народна согласност. Сем во клинетела миљето на трите големи партии.
Скопје направи фаул.
Сега Софија пука пенал.
Facebook статус на Арсим Зеколи