| |

Започна семинарот по бугарски јазик и литература во Велико Трново

Речиси 100 учесници од три континенти и 34 држави се дел од 48-от семинар по бугарски јазик и литература, кој започна денеска на Великотрновскиот универзитет. До 3 август тие ќе изучуваат бугарски јазик и ќе посетуваат тематски предавања за бугарската култура, литература и историја, фолклор и бугарски филм, јавува БНР.

„Да ја испратиме нашата порака за мир, да се сакаме и да го цениме животот“, изјави при отворањето во ВТУ професор Христо Бонџолов.

Универзитетскиот предавач Карим Абделгати од Египет е долгогодишен учесник на семинарот, а од пред околу два месеци организира курс по бугарски јазик на Универзитетот во Мансура:

„Првпат во арапскиот свет има бесплатен курс по бугарски јазик за нашите студенти во Египет“, вели Абделгати.

На меѓународниот семинар по бугарски јазик и култура за првпат се вклучува и грчката универзитетска професорка Фотини Толуди:

„Се занимавам со бугарските ученици по историја пред и по транзицијата, пред и по влегувањето на Бугарија во Европската унија, и затоа треба да го знам јазикот“, вели Толуди.

Преведувачот и поет од Скопје Душко Крстевски единаесетти пат се вклучува на форумот:

„Ова за мене е како да се враќам дома“, вели Крстевски.

Молдавската учителка и бесарабска Бугарка Валентина вели дека го исполнила сонот на нејзиниот татко да се врати во Бугарија. За своите два сина вели:

„Мојата задача беше да им кажам дека имаат една татковина и таа е Бугарија.“

Омилената песна на полскиот студент по славистика Вартоломеј е „Една бугарска роза“.

Слични Објави