| |

Започнува турнејата на „Фолк квинтет Теодосиј Спасов“ во Северна Америка и Канада

Виртуозниот бугарски музичар Теодосиј Спасов заедно со фолк квинтет вечерва ќе настапи во Чикаго. Настанот ќе го означи почетокот на турнејата на „Фолк квинтет Теодосиј Спасов“ во Северна Америка и Канада.

Концертот во Чикаго започнува во 17 часот по локално време и ќе се одржи во Центарот „Мала Бугарија“.

Турнејата ќе трае до 6 октомври, пишува порталот за бугарски идеи и каузи ширум светот Eurochicago.

Музичарите ќе одржат концерти во осум градови во САД и во Канада: Чикаго – 24 септември, Детроит – 25 септември, Њујорк – 27 септември, Питсбург – 29 септември, Торонто – 30 септември, Отава – 1 октомври, Вашингтон – 4 октомври , Бостон – 6 октомври, информира бугарскиот генерален конзулат во Њујорк во својата објава на Фејсбук.

Турнејата е организирана со поддршка на бугарската амбасада во Вашингтон. Концертите се посветени на 120-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Бугарија и САД.

Слични Објави