Затворен дизни парк во Флорида поради мечки: животното направило метеж, посетителите итно евакуирани
Големиот парк на „Дизни“ во Флорида е привремено затворен откако персоналот забележал голема дива мечка како се качува по дрвја.
Посетителите не можеа да посетат голем број атракции во забавниот парк во Орландо, откако мечка беше забележана на дрво. Се верува дека животното е во потрага по храна пред зимската сезона на хибернација.
Персоналот на Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида (FWC) пристигна на местото за да ја фати мечката, потврди „Волт Дизни Ворлд“, пренесува „Мирор“.
„Најдобро е во повеќето случаи мечките да добијат простор и сами да се движат, но со оглед на ситуацијата, персоналот работи на фаќање и преместување на мечките“, наведуваат од Комисијата.
Додаваат дека во текот на есента мечките се поактивни бидејќи бараат храна поради резервите на маснотии за зимата.
„Оваа мечка веројатно се движела низ областа во потрага по храна“, додале тие.
Тие проценуваат дека Флорида е дом на околу 4.000 црни мечки, кои се единствениот вид на мечки во споменатата сојузна држава.
FWC на својата веб-страница забележува дека како што расте човечката популација во Флорида, расте и популацијата на мечки во државата.
„Урбаното ширење навлегува во традиционално оддалечените области, доведувајќи ги луѓето во главното живеалиште на мечките. Како резултат на тоа, мечките и луѓето се среќаваат повеќе од кога било“, заклучуваат тие.