Здружението „Цар Борис III“ од Охрид ја одбележа годишнината од смртта на Кирил Прличев
Бугарското здружение „Цар Борис III“ од Охрид на 9 февруари годинава, ја одбележа 78-мата годишнина од смртта на големиот македонски револуционер и припадник на Организацијата Кирил Прличев (1875-1944), син на преродбеникот Григор Прличев.
Делегацијата на Здружението предводена од претседателот Томе Блажески и неговите соработници Ацо Марков од Охрид и легендарниот македонски Бугарин Крсте од село Завој, поднесоа свежо цвеќе на вечното почивалиште на Прличеви- татко и син во Охрид.
Погледнете фотографии од овој настан:




