| |

Желјазков со честитка до САД по повод Денот на независноста

Бугарскиот премиер Росен Желјазков упати најсрдечни честитки до претседателот, владата и народот на Соединетите Американски Држави по повод 4 Јули – Денот на независноста на САД, јавува БГНЕС.

„Оддаваме почит на трајното пријателство меѓу нашите нации и на нашата заедничка посветеност на слободата, демократијата и глобалната безбедност“, истакна бугарскиот премиер.

Во честитката тој наведува: „Бугарија и Соединетите Американски Држави продолжуваат да го продлабочуваат своето стратешко партнерство – од соработката во одбраната и енергетиката до иновациите, образованието и културната размена. Нашата трансатлантска врска останува столб на мирот и просперитетот.“



Слични Објави