| |

ЖЕНА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ОТКАКО МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИ ЧЕТВОРИЦА ПЕШАЦИ НА ИЛИНДЕНСКА ВО СКОПЈЕ

50-годишна жена се бори за живот на Карил, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на Карил, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на Илинденска во близина на гимназијата „Орце Николов“, велат од Клинички центар.

Од болницата „8 септември“ велат дека 50-годишната жена првин била примена кај нив во критична состојба со повреди на главата, рбетот и градниот кош, а потоа пренесена на Карил. Нејзината мајка има крвавење на главата. другите двајца пешаци се лекуваат во болницата „Св. Наум охридски“.

Моторџијата бил донесен на ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување. Од полицијата најавија повеќе детали за сообраќајната несреќа во текот на денот, а според првични информации, станува збор за 38-годишник.

Слични Објави