|

ЖИВОТОТ ВО КУМАНОВО ЗАСТАНА (ФОТО)

Куманово денеска е непрепознатливо. Само звукот на дождот можеше да се слушне во централното градско подрачје, граѓаните се дома, и го почитуваат полицискиот час кој започна вчеравечер, а ќе трае до понеделник, јавува Кумановскимуабети.

По вчерашните турканици пред маркетите, кумановци денеска се дома и таму треба да останат следните десетина часови, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Непослушноста кон препораките за намалено движење, резултираше со долгиот полициски час, кој од понеделник ќе започнува во 16 часот напладне.

Необично тивка сабота за Куманово, каде викендите отсекогаш биле преполни со луѓе. Коронавирусот ги затвори дома сите, но ќе издржиме и ќе победиме.



Слични Објави