ЗОШТО ЖИВЕАМ ВАКА?- ПОУЧНА ПРИКАЗНА
Седум луѓе го прашале животот едно исто прашање: „Зошто живеам вака?“
Првиот човек прашал:
„Зошто живеам вака?” Честопати страдам, неуспесите постојано ме придружуваат. Како магнет сум за сите проблеми!
Животот му одговорил:
„Бидејќи живееш за инает. Ти си заглавен во омразата и злото. А треба да се живее во радост за себеси, за околината, за Бог. Тогаш ќе бидеш среќен.
Вториот човек прашал:
„Зошто живеам вака?” Во постојана борба сум со некој или со нешто. Сè нешто нема да биде во ред.
Животот му одговорил:
„Затоа што живееш и покрај се. Ти си како непослушно, недораснато дете, бунтовник! Затоа имаш таков живот. А мора да живее благодарејќи, за сé убаво што дошло, иако не е по твојот вкус. Ако успееш да бидеш благодарен ќе бидеш и среќен.
Третиот човек прашал:
„Зошто живеам вака?” Многу ми е важно мислењето на другите, ми недостасува самодоверба.
Животот му дал одговор:
„Затоа што живееш за да ти завидуваат. Ако живееш за да инспирираш со твојот пример, само тогаш ќе бидеш и среќен.
Четвртиот човек, исто така, го поставил прашањето:
„Кажи, зошто живеам вака? Јас сум во постојан стрес и напнатост.“
Животот му одговорил:
„Живееш за да докажеш нешто на некого. Нема потреба некој да се докажува. Така само се губи време и сила. Луѓето секогаш ќе бидат гладни за твоето докажување. Тоа е бидејќи ним им треба твоето внимание. Мораш да научиш дека не си му должен на никому ништо ако сакаш да бидеш среќен.
Петтиот човек прашал:
„Животот за мене е целосно разочарување. Зошто живеам вака?“
„Бидејќи живееш, за да се покажеш, да парадираш пред луѓето. Зошто живееш живот дволичен и лицемерен. Живееш актерски живот. Каде е твоето вистинско јас? Зошто едноставно не бидеш ти?! Покажи го вистинското лице. Ете само тогаш ќе бидеш навистина среќен.
И шестиот човек прашал:
„Зошто живеам вака?” Неинтересен, здодевен …
„Бидејќи животот поминува покрај тебе и затоа што си како премудра песочна риба , и се криеш од него. Треба да живееш така што животот ќе престане да те одминува од љубопитност, да не те пречекорува, да почне да се интересира за тебе.
На крајот, седмиот човек прашал:
„Зошто живеам вака?” Ништо не носи радост за мене.
Животот му рекол:
„Бидејќи не живееш во твојот живот, а во туѓиот нема радост. Треба да се пронајдеш себеси, точно да ги знаеш твоите чувства, желби, соништа, цели, зборови… Пронајди се и ќе ја најдеш среќата.