| |

Георги Господинов стана првиот бугарски писател номиниран за наградата „Букер“

Романот „Засолниште во времето“ на Георги Господинов влезе во долгата листа на номинации за најпрестижната меѓународна награда доделена за конкретно книжевно дело „Букер“, јавува БНР. Книгата ја преведена од Анџела Родел, која исто така станува дел од номинацијата за наградата.

Со жирито на овогодинешното издание на наградата претседава Лејла Слимани. Победникот ќе биде објавен на 23 мај, на специјална вечера во Лондон.

Букеровата награда е најважниот настан во литературниот и издавачкиот свет. Се доделува од 1969 година, а нејзини носители биле Салман Ружди, Маргарет Атвуд, Казуо Ишигуро, Џулијан Барнс. Во 2005 година, меѓународната награда „Букер“ почна да се доделува само за книги во превод. Прв добитник е Исмаил Кадаре.

Со оваа номинација Георги Господинов се рангира со другите номинирани автори низ годините како Марио Варгас Љоса, Милан Кундера, Орхан Памук, Амос Оз, Ани Ерно и други.

Наградата е вредна 50.000 фунти и се дели помеѓу авторот и преведувачот на победничката книга.

Номинацијата за меѓународниот „Букер“ е уште едно признание за Георги Господинов и романот „Засолниште во времето“. „Њујоркер“, „Гардијан“ и „Фајненшл тајмс“ веќе го прогласија делото за една од книгите за 2022 година. Осврти за книгата се појавија во Тајмс, Њујорк Тајмс, Волстрит журнал. Господинов ја доби наградата „Premio Strega Europeano“ и така стана првиот писател од Источна Европа со тоа признание.



Слични Објави