МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО МАЛА ПРЕСПА , АЛБАНИЈА

Со концерт на македонскиот поп пејачите Влатко Лозановски и Димитар Андоновски на 25 јули во 20 часот започнува јубилејното 10-то издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија …

Во рамки на манифестацијата која ќе се одржи до крајот на месецот , Театарот за деца и младинци од Скопје за најмладите ќе ја изведе театарската претстава „Црвенкапа“. Актерите од театарот „Антон Панов“ од Струмица ќе ги изведат претставите „Таа“ и „Каминот“, додека Театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци ќе ја изведе претставата „Пасивно пушење“ . Tеатaрскиот ансамбл на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес пак на 30 јули ќе ја изведе претставата „Вдовицата се мажи“.

Манифестацијата „Македонско културно лето“ во Мала Преспа која е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Слични Објави