Requiem за МПО
Пишува: Владимир Перев
Никој не може да се сети кој го направил Колосеумот во Рим, ама сите знаат за глупавиот бугарин кого го фотографирале, онака насмеан и полн со себе си, како со клуч си го врежува името во ѕидот на Колосеумот. Тој е растурачот, негативецот, за него сите знаат, цел свет, дури и фотографијата му ја има насекаде. Еден ден, кога не дај Боже, ќе падне Колосеумот, без оглед дали тоа ќе биде од некоја природна катастрофа или некои нови Готи или Вандали, неговото име и слика секогаш ќе го одбележуваат како “првиот“ кој го девастирал тоа прекрасно дело на Антиката.
Поминува стотата година од формирањето на Македонската патриотическа организација во САД и Канда (МПО) и ние, македонските бугари со почит и гордост се сеќаваме на нејзиното племенито национално дело. Сто години МПО беше светлината на слободата во долгиот темен тунел на ропството во Вардарот и Егејот. Беше и повеќе од тоа, МПО го осветлуваше и “американскиот сон“ на слободата и еднаквоста, надежта дека и ние овде, барем некогаш, ќе ги доживееме прават и слободите на тој мечтаен свет. Слободно може да се каже дека за МПО важи и римската сентенца за Колосеумот, Вечниот град и Светот, транспонирана како бугарската идеја низ пространствата одвоени од Бугарија, низ нејзината дијаспора: Quandio stabit coliseus, stabit et Roma, Quando cadit coliseus, cadet et Roma, Quando cadet Roma, cadet et mundus! Да, ако падне МПО, ќе паднат и традициите на “бугарскиот свет“ надвор од Бугарија! Ете затоа, толку многу се вознемири италијанската јавност (па и светот) од “бугарскиот пишувач“ по светоста на Рим.
Ако МПО се етаблирала релативно добро во американскиот свет, таа беше безмислосно прогонувана, како во Македонија/Југославија, така и во Бугарија и Грција. Нејзината дејност беше претставувана како ретроградно политичко влијание врз “работничката класа“, а низ југословенските/македонските пространства, за неа беа држени лекции, како за профашистичка и империјалистичка организација. Слично беше и во Бугарија. Новите времиња, донесоа промени и нови размисли.
Денес македонците/бугарите сме најблизу до мечтаената слобода. Влезот во НАТО и ЕС ни ја дава можноста де се докажеме пред себе си и да ги покажеме нашите ценности пред она што навистина се нарекува “слободен свет“. И баш сега, во моментот кога бугарската идеја и традиции го заземаат своето заслужено место на политичките пространства на Балканот и во Европа, темните македонистички сили сконцентрирани на американскиот континет, се обидуваат да ја освојат тврдината МПО, да ја македонизираат и преку политичките традиции на таа организација, да промовираат антибугарска/антимакедонска политика низ институциите во Новиот свет. Во моментот на падот на идејата на комунизмот, во Америка, една коминтерновска идеја за македонизам ја носи големата победа на руското коминтерновско влијание во Американскиот континет. Она што не успеа да го направи Георги Зајков Пирински со неговата диверзантско-комитерновска агентура собрана околу Македоно-бугарскиот народен сојуз на тлото на Америка, сега тоа го прави актуелното раководство на МПО.
Идејата на висок функционер на МПО Ник Стефанов, дека постојат “етнички бугари“ и “етнички македонци“, па овие вториве, со сите свои права, можат да се присоединат како такви и да раководат со Организацијата, е комплетна глупост. Како со Преспанскиот договор, така и со актите на МПО, нема термин за “етнички“ македонец. Тоа може да се примени само на античните македонци, ама тоа е нешто друго. Терминот “македонец“ суштествува, но тој е политички и територијален, за со тек на времето да стане национален, ама “етнички“ во смисла на традиција, нема! Тоа го покажува и денешната актуелна политичко-етничка ситуација во РСМ. Работите треба да им се јасни и на “американците“! Затоа и беше формирана ОМД под ексраководството на Мето Коловски, за да се покаже и претстави пред американската јавност, дека има и некои други, “етнички“ македонци! Тоа беа две јасно национално и идеолошки, противопоставени организации, од каде не се штедеа изрази како фашисти и слични за МПО.
Има отворени прашање околу наводното присоединување на етничките македонци кон МПО. Како ќе седнат на заедничка маса, како ќе решаваат за судбината на Македонија, кога имаат сосема различни идеи за минатото и иднината. Националното и политичко конвертитство на Крис Иванов, да седне на иста маса со Денко Малески и да ги промовираат идеите на “единството“ е перверзија без преседан. Па самиот тој знае дека истите оние, кои беа соборци нас таткото на Денко, кога се симнаа од планините во Прилеп, прво го убија неговиот, Крисовиот дедо, Христо-Ицко Срчарот, чие име го носи Крис. Ник Стефанов е барем ослободен од таквите обзири…тој одамна, низ генерациите во Америка, ја заборавил судбината на своите предци. Евидентно е и вулгарното македонизирање на органот на МПО, “Македонска трибуна“. Како актуелниот главен редактор ќе се носи со минатото на весникот, каде главен колумнист беше Ванчо Михајлов, каде пишуваше и Коста Црнушанов (Змеjко Пелагониски), каде главни редактори беа и поетот Љубен Димитров и легендата на американското новинарство Христо Низамов. Па тој Низамов беше прогласен за еден од стотте најважни луѓе на Индијана во 20-от век, а неговата биста го краси влезот на Клубот на новинарите во Индијанаполис. Не сакам да продолжувам со имињата на Иван и Георги Лебамов. Сите тие беа блиски со Ванчо Михајлов, но сите заедно со другите емпеовци, ја “редактираа“ и редуцираа неограничената власт и авторитаризам на Ванчо во МПО…сѐ за име на демократијата, без да се отстапи од михајловистичките завети за Македонија. Каде е сега Трибуната…
Добро е што се сретнале со Денко Малески, еден вистински интелектуалец и разумен човек од Македонија. Добро е и што му го изложиле своето мнение за “етничките“ македонци и ролјата на Израел, нешта кои Денко ги знае многу, многу по добро и од Ник и од Крис. Требало да се сетат да прашаат, што мисли Денко за идолите на МПО, за Јордан Чкатров и брат му Димитар Чкатров, ликвидирани од од комунистите…да го чујат неговот мислење, па потоа да си дадат сметка за ролјата на МПО и израелските емпеовски илузии! Македонија не е Израел, овде НЕ се сите македонци, тоа треба да се знае!
Потомците на партиските комунистички гаулајтери и удбаши, и потомците на гонетите за идеите на михајловезмот ќе треба да седнат на една маса и да разговараат. Дали во нивната Трибуна, ќе треба да прочитаме дека “нашиот“ јазик е дело на Конески, или бласфемијата дека поезијата на Љубен Димитров е напишана на туѓ-татарски јазик. Тоа треба да си го расчистат, пред да стигнат, за ефтини пари да ги продадат идеите на предците и на Михајлов. Воедно и да ги убедат македонските новинари, дека националниот “Готвач“, книгата на јадења што ја издала МПО, не е татарски и фашистички (како што се посочува низ македонските медии и портали), ами тоа се јадења кои и денес се готват…ги јадеме сите, и “татарите“ и “етничките“!
Македонските бугари никогаш ја немале силата да ја реализираат идејата за Независима Бугарска Македонија. Тоа е проект кој може да се реализира само со помошта на една силна Бугарија и ангажман на нејзините сојузници, но тоа не значи дека треба да згаснат бугарските организации низ светот, да доживуваат лажлива трансформација во напредни, демократски или лажномултиетнички, за во сушност да станат вулгарно македонистички. Видовме како “демократското“ МПО зо отфрли од своите редови интелектуалецот Лари Королов, само заради неговата поддршка во казусот со Спаска Митрова. До денешен ден не го вратија на местото главен редактор на Трибуната…тоа беше одмазда на македонизмот врз еден незаштитен човек, кој се усудил да ги брани ценностите на американската демократија во еден македонски судски случај.
Бугарската држава треба да ја сноси одговорноста за својата емиграција, која лека-полека станува вистинска дијаспора. Треба се организираат, насочуваат и синхронизираат, согласно идеите на својата матица. Тие се носители и заштита на бугарскиот идентитет низ светот, тие се трезорот на националните преданија, јазик и легенди за нашето херојско и маченичко минато.
Специфичен е случајот со МПО. Веројатно ќе стане нужно, се додека постои превласт на старата генерација таму, МПО да биде укината, а да се издејствува судска забрана за ползување на нејзиното име или кратенка. Тоа би бил разумен гест, кој не би позволил натамошно извртување на вистината за целите и идеите на организацијата. Фер кон нејзините починати творци, кон ликот и делото на Ванчо Михајлов и кон сите оние кои веруваа во идеалите на михајловизмот и Организацијата…така би престанале злоупотребите кои ги има денес, но и амбициите на некои кои неказнето би ги транспонирале во иднината. Затоа би било нужно, новата бугарска емиграција во САД и Канада да се насочи кон преземање на МПО и понатамошно дејствување во согласност со националните идеали.
Имињата на Крис Иванов и Ник Стефанов во историјата ќе останат како името на оној несреќен бугарин кој го “девастирал“ Колосеумот во Рим…Колосеумот нема да падне, да се надеваме дека и МПО нема да падне така лесно, а оваа “панахида за МПО“, никогаш нема да се случи…“вечните“ идеи опстојуваат и се вонвременски!
Requiem aeternam dona eis, Domine.

