| |

“Магницки” го означи “македонскиот Делјан Пеевски”, а уставните дополнувања се – македонски диктат

Facebook статус на Ивон Величковски

Неуспешниот обид за релативизација на ставањето на Камчев на американската “црна листа” покажа колкав е шокот на Старо Скопје.

Ова очекувано ги загрижи партиските раководства, медиумите и нивните коморски сопственици: Со ставањето на нивниот заеднички именител на “црната листа” – им завршува “раатот”. Особено бидејќи процесот очигледно е регионален.

Сега е прашање колку брзо Владата, НБРСМ, банките… ќе го применат Законот за меѓународни рестриктивни мерки и врз неговиот (поврзан) имот.

Но и врз досегашните имиња на “црната листа” и нивните имоти и финансии.

Истражувањето и процесирањето на обвинувањата за “политичкото чедо” и “угледниот стопанственик” за Црвенковски, Груевски, Георгиевски, Заев и Мицкоски – е “непријатна”, а неизбежна обврска на МВР и правосудството.

Што ќе не наврати на “Рекет”, ама и на 1Тв…, а и на случувањата и коруптивни те врски уште некоја година наназад.

Под опсервација од двете страни на Атлантикот.

Корупцискиот сплет на политичари и југо-советски тајкуни (и) во овој дел од Европа е финансиер на безбедносните закани (и) кон делот од европскиот и евро-атланскиот простор каде припаѓа Северна Македонија. Затоа, прашањето е и безбедносно.

Оттука сите тие точно чувствуваат дека се “во мрак” – соочени со фактот дека Северна Македонија е во НАТО, ама дека и НАТО е во Северна Македонија.

Откако не успеа да го спречи членството во НАТО, југословенско Скопје мора да се обидува да не држи подалеку од ЕУ и ЕУ подалеку од нас.

Со одложување на ЕУ-интеграциите, низ:

1. Попречување на уставните измени.

За да одложи институционално лоцирање и санкционирање на корупцијата што се засилува со преговорите за секое, а особено поглавјето владеење на правото.

2. Одвојување на Северна Македонија од Албанија во почетокот на преговорите.

За одново да ги антагонизира Македонците со сограѓаните, соседите и ЕУ.

3. Форсирање на поделбите во нацијата и меѓу македонскиот народ наместо интеграција на земјата во ЕУ.

На југословенско Скопје, “Република Македонска” му е поприфатлива од европска Македонија, а секој “спасен” тајкун и корумпиран политичар му е побитен од 10.000 иселени граѓани.

Како власта (ќе) смогнува сили да не го попречува процесот, притисокот на “старите долгови” (ќе) се враќа кон парламентарната опозиција. Затоа да си признаеме:

Лага е дека уставните дополнувања се по “бугарски” или “европски” диктат.

Тие се македонски диктат – за рамноправност на и меѓу Македонците што ги обезсилува југо-тајкунските политичари, партии и нивните “газди” во една нова република.

Ова е причината зошто пратениците треба да го прифатат “македонскиот”, а не партискиот диктат.

Слични Објави