ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ВО БРИСЕЛ НА ПОКАНА ОД ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ И РЕФОРМАТОРИ (ECR)
Потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, д-р Енсер Јусуфоски, на покана на пратеничката група на Европските конзервативци и реформатори (ECR) кои се дел од коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформатори (ACRE) Европа, присуствуваше на свечениот коктел на ACRE, што се одржа во Grand Central Брисел, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.
Граѓанско Демократската Унија веќе беше дел од два настани организирани од Европските конзервативци и реформатори (во Брисел и во Софија). Како партија која делува во политичкиот спектар центар-десно и стои на изразито конзервативни позиции, ГДУ, ја продолжува соработката со козервативците во Европскиот парламент. Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски, оствари средби со претставници на ACRE, како најголема конзервативна коалиција во светот а исто така оствари контакт со претставници на Conservative International, The conservative online и European Young Conservatives. Платформата Conservative International вклучува во себе повеќе од 867 000 членови, 327 идеолошки и аналитички центри, фондации, универзитети, 73 политички партии, 36 приватни компании и 35 иницијативни комитети.
На свечениот коктел, г. Енсер Јусуфоски, оствари контакт и со членови на организацијата New Direction, основана од челичната дама на британскиот конзерватизам, Маргарет Тачер.
