| |

Во ЕУ се оди без Тито

Овие денови читам разни најави за промени на имиња на аеродроми, автопатишта, реакцијата на народот поделена како и за се останато во нашето оптешство.

И така дур си читам и тепам време, наоѓам на интересен коментар, како луѓето се бунеле за Ацката Великиот во чие време не живееле, а не го бранеле саканиот другар Тито.

Океј, некој југоносталгичар, но не, тоа да ти бил министер од Влада, кој стално ни пее за влез во ЕУ.Напросто се пресечев, си викам, леле, што е ова ? Отварам допаѓања, сите борци за ЕУ, се изнаредиле лајкувајќи и давајќи поддршка, едно убаво се изнасмеав ама слатко, си викам, леле, кои идиоти.

Прва работа, цел ден на ТВ не труете со ЕУ (ни ја правите и одбивна) колку во неа е убаво, како тоа ние спасот, а во душите и срцата плачате за другарот ви Тито.

Едно треба да вие јасно, Тито и ЕУ не одат заедно, во ниту една комбинација.

Прво и основно ЕУ почитува политички дебата и демократија, дава можност на секој да го искаже своето мислење (декларативно) и не отвара логори за политички непослушници.Тотална спротивност на тоа е Тито со неговиот Голи Оток.

Во ЕУ приватната сопственост е СВЕТОСТ, за разлика од СФРЈ.Јас драга министерке сум лично жртва на комунистичкиот режим, бидејќи и од семејството на татко ми и од семејството на мајка ми е одземен голем имот, со цел градење на “еднаквост”.

Да не заборавиме уште еден факт, во ЕУ има демократија, а не еднопартиски систем.

Кога сме кај бившата ни држава, ете ја Словенија.Најнапредна, најсилна, прва во ЕУ и НАТО, рај за сите жители на бивша СФРЈ да работат, образуваат, создаваат.Е таа Словенија донесе закон, со кој Тито го прогласи за убиец, диктатор, и злосторник на децата.

Додека за вас како Влада злоупотреба на деца се Бадникарските поворки (кои не се тоа во никој случај) во Словенија злоупотреба на деца е Титовите пионери.Секој што ќе го облече своето дете како титов пионер, одговара за политичка злоупотреба над своето дете, високо казнлива со закон.

Затоа Словенија е напред, а ние заглавени во калта.Браво за браќата ни Словенци.

Одиме понатаму, се сеќавате што ратификувавте пред неколку дена, еден договор за добрососедство, со Бугарија.Ако не беше истиот Тито, таков договор и немаше потреба да се склучи, бидејќи никогаш немаше да се создава непријателство помеѓу двете земји.

Првата работа која Бугарија ќе ви ја побара како барање на македонските Бугари е расчистување со ликот и делото на Тито и неговата употреба.Ако сакате Бугарија да ни помогне за влез во ЕУ, тогаш треба што побрзо да ги смените имињата на тие институтции кои сеуште го носат името на диктаторот и тиранинот.

Има многу за пишување, но ајде, нека биде доста, бидејќи пишувањето за браварот и ЕУ, за тоа како се тие два различни идеолошки и световни погледи, може да се изнапишат на стотици страници, кои никако за вас и вашите поддржвувачи нема да се разбирливи.

Вашите политички противници бар беа на чисто, тие сакаа изолација на Македонија.Вие сте тие кои треба да одлучите што сакате, дали другарот Тито или ЕУ.

Ако го одберете Тито, ја изолирате Македонија како и вашите противници, ако го одберете ЕУ ќе мора да ги спалите сите спомени за црвени петокраки, сини машнички и политички штафети.

Бидејќи со Тито во ЕУ, не се влегува.

Автор: Ојнак

Слични Објави