„АВАНТУРИТЕ НА ПИНОКИО“, КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА НА СЦЕНАТА НА ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 27 јануари со почеток во 12 часот ќе биде изведена куклената претстава за деца „Авантурите на Пинокио“, работена според делото на Карло Колоди.

Драматизацијата за претставата е на режисерот Дарко Ковачовски и Надја Василева-Ковачовска, која е и автор на сценографијата, костимите, маските и куклите. Во претставата играат актерите: Јасмина М. Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Наташа Ачански, а алтернација е Катерина Чакмакоска-Клинческа. Автор на музиката е Томе Темелкоски, а преводот на текстот е на Лидија Митовска-Ѓорѓиевска.



Слични Објави