„СЛОБОДЕН И СРЕЌЕН“, ПРВ КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ВО 2019 Г.

„Слободен и среќен“ е насловот на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија што ќе се одржи утре, 24 јануари, во 20 часот.

Како солист, за првпат на македонската музичка сцена, ќе настапи француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари, победничка во категоријата „Откритие“ на натпреварот „Победници на музичката класика“. Лусјен Ренодин-Вари, која е еднакво успешна и на полето на џез-музиката, ќе го изведе атрактивниот Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од ерменскиот композитор Александар Арутунијан.

Диригент е маестро Петер Феранец од Словачка, а на програмата се и Увертирата за оркестар во Це-дур („Трубачка“) од Феликс Менделсон, како и лирската Симфонија бр. 3 од Јоханес Брамс.

Слични Објави