| |

24 Бугарки од 19 земји се номинирани за „Бугарка на годината“

Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ) годинава ќе ја додели годишната награда „Бугарка на годината – Света Злата Магленска 2023“ на официјална церемонија што ќе се одржи во октомври, јавува Радио Бугарија.

За престижната награда се номинирани се 24 Бугарки од 19 земји. Жири ќе ја избере најдостојната од нив. Сепак, јавноста може да го направи својот избор и преку онлајн гласање за наградата „Омилена Бугарка на публиката“ на годишниот натпревар на ИАБЧ. Гласањето ќе трае до 02.10.2024 година во 15:00 часот.

„Сакаме луѓето да видат колку Бугарките ја сакаат својата татковина, кои ги жртвуваат напорите и времето што можеле да им ги дадат на своите семејства, за да го зачуваат бугарскиот јазик и бугарската култура. Секоја од овие 24 Бугарки веќе е наградена со самото номинирање. Тоа значи дека нејзината работа е веќе забележана и затоа сакавме целото општество да ги научи нивните имиња и да избере која од нив да ја добие наградата на публиката“ – вели во интервјуто за Радио Бугарија директорка на ИАБЧ Рајна Манџукова.

Слични Објави