Одбележуваме 186 години од раѓањето на големиот бугарски преродбеник од Македонија Рајко Жинзифов
На 15-ти февруари 1839 во Велес е роден видниот поет и преродбеник РАЈКО ИВАНОВ ЖИНЗИФОВ. Учел грчко ушилиште во Прилеп, а потоа учителствувал во Кукуш. Со помош на Димитар Миладинов се запишал гимназија во Одеса, а покасно завршил историско-педагошки факултет на универзитетот во Москва. Таму ја издава книгата НОВОБУГАРСКА ЗБИРКА и започнува да го издава списанието „Братски труд“. Потоа бил две години учител во Битола и одново заминува за Русија. Таму развива огромна публицистичка дејност во рускиот периодичен печат. Соработник е на весниците „Дунавска зора“, „Македонија“, Бугарска пчела“, а во списанието „Бугарски книжици“ и др. публикува статии, стихотворби, народни песни, еден разказ. Р. Жинзифов се разболува од туберкулоза и умира на 15-ти февруари 1877 г. во Москва.
“В б’лгарска ми клета земља
има мало градче,
то е легнало в пољана,
име нему Прилеп.
Прилеп – то е име славно,
тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал.
Е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б’лгарска е бранил земља,
роду си помагал…“
ГУЛАБ
Кога ќе стигнеш во моја земја
во Бугарска Македонија
ќе видиш Бугари јунаци
нестрашливи македонци…
Речи речи: „Македонци вие Бугари јунаци
до кога вие во темница ќе седите црни лица?
Сите согласни станете,
Бугарски школи отворете
во цркви Бугарски читајте,
од никого не се плашeте!

