| |

Зеленски ќе се сретне со Трамп во Вашингтон за нов пакет оружје и зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави дека оваа недела ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, каде ќе разговараат за јакнење на украинската противвоздушна одбрана и за испорака на нови далекубојни оружени системи за потребите на фронтот, јавува БНР.

Двајцата лидери веќе имале телефонски разговори во саботата и неделата, при што, според Зеленски, тој го информирал Трамп за колкава количина ракети „Томахок“ му е потребна на Киев. Засега американскиот претседател не дал конечно согласие, но не ја исклучил можноста за одобрување на испораката.

Москва веднаш реагираше, предупредувајќи дека испораката на „Томахок“ ракети на Украина би претставувала „опасна ескалација“ на конфликтот и директна закана за безбедноста на Русија.

Крилатите ракети „Томахок“ имаат долет до 2500 километри.



Слични Објави