ОЈО СО ИЗЈАВА ЗА ТВ 21: СИТЕ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ЌЕ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ ПРЕД НАДЛЕЖЕН СУД
Од Основното Јавно Обвинителство за ТВ21 утрово по објавената снимка велат дека сите докази кои ги поседуваат за овој предметот “Рекет” ќе ги презентираат пред надлечен суд при евентуална судска постапка.
“Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази”, велат од Основното јавно обвинителство за ТВ21.

