| |

Средба Неински-Демулен: Потребни се длабоки општествени реформи во земјите кандидатки за влез во ЕУ

Шефицата на бугарската дипломатија Надежда Неински и амбасадорката на Франција во Софија Мари Демулен разговараа за безбедноста и проширувањето на Европска Унија, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесува БНР.

Во разговорот беше нагласена потребата од длабоки општествени реформи во земјите кандидатки, со цел тие да станат „интегрирани партнери, а не проблеми“. Посебен акцент беше ставен и на неопходноста од реформи во безбедносниот сектор на дел од земјите кандидатки.

Соговорничките дискутираа и за институционалната архитектура на ЕУ, како и за потребата од доследно почитување на договорите и одлуките донесени со консензус како гаранција за авторитетот и вредностите на обединета Европа.



Слични Објави