Од мотор влечеле дете по улица во Драчево
Дванаесетгодишно дете е повредено во бизарна несреќа во Драчево. Сопатник на мотоцикл го фатило детето за рака, тоа паднало и било влечено по улица.
Според информациите на МВР, вчера околу 14:00 часот, Б.С.(71) од Скопје пријавил во полиција дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал.
Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што детето паднало и било влечено по улицата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
