Поројниот дожд ја покажа вистинската слика на “градежната офанзива” и деурбанизизраната “метропола”
Ивон Величковски
Садењето згради за “комуналии” како извор на пари на општините и за перење на нелегалните пари го затна градот на првиот посилен дожд. Од Пенов до Ѓорѓиевски, сите знаеја дека ова ќе се случи.
Затоа што на одводи и канализација за град од 500.000 жители не може да функционира град со 800.000 + дневна миграција. Затоа што тендери на партиски фирми за асфалтирање улици не значи квалитет, туку само криминални провизии. Затоа што секоја затната шахта во скопските фавели наречени “општини” не може да биде одзатната од “Водовод и канализација” во кој имате повеќе правници и директори одошто мајстори.
И сега да ја чекаме фекалната вода во подрумите и гаражите.
А ова воошто и не беше некое позначајно невреме. Впрочем, не е ниту прва ниту последна летна бура. А со климатските промени – вакви појави ќе има се ппчесто.
Дајте да создадеме нов урбанистички планиран град вон Скопје. И таму ќе се гради. И таму ќе се живее. Похумано и поквалитетно. Ова е работа на една одговорна влада, министерство за просторно планирање и за локална самоуправа. Секако не на оваа и претходните идентични со неа.
