| |

Бугарија запре 11,8 тони пиперки од Северна Македонија поради пестициди над дозволените нивоа

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) не дозволи на пазарот на Европската Унија да влезе пратка од 11.843 килограми пиперки од Северна Македонија, откако лабораториските анализи покажале остатоци од пестициди над максимално дозволените нивоа, соопшти Агенцијата, пренесува БТА.

Пратката е задржана и ќе му биде вратена на испраќачот.

Од БАБХ наведуваат дека случајот е откриен во рамките на засилените контроли на свежото овошје и зеленчук, чија цел е безбедноста на храната, следливоста и утврдувањето на реалното потекло на производите на пазарот.

Агенцијата соопшти дека ќе продолжи со засилените проверки за да спречи пласирање храна што не ги исполнува безбедносните барања.

Пред околу еден месец БАБХ утврди и зголемено присуство на пестицидот форметанат во друга пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Северна Македонија. Таа пратка влегла во Бугарија преку граничниот премин „Златарево“ и била наменета за деловен оператор во Петрич.

Слични Објави