| |

Петмина бугарски ученици ќе учествуваат на меѓународната олимпијада по астрономија и астрофизика во Тајланд

Петмина бугарски ученици отпатуваа за Тајланд, каде што од 1 до 8 ноември ќе учествуваат на Меѓународната младинска олимпијада по астрономија и астрофизика (IOAA-jr), објави MediaBricks. На петтото издание на натпреварот, што ќе се одржи во Убон Ратчатани, се очекуваат учесници од 25 држави.

Во бугарскиот тим се Лев Беленкиј и Димитар Павлов, ученици во десетти клас во Математичката гимназија во Варна, Виктор Кожухаров и Кристијан Хана, ученици во деветти клас во Националната природно-математичка гимназија, како и Павел Казаков, ученик во десетти клас во Природно-математичката гимназија во Стара Загора.

Тимот го предводат Никола Каравасилев од Сојузот на астрономите во Бугарија и Меѓународниот образовен центар „Каравасилев“, и Александар Куртенков од Институтот за астрономија со Национална астрономска опсерваторија при Бугарската академија на науките.

Лев Беленкиј и Виктор Кожухаров беа дел од бугарскиот тим и на минатогодишната олимпијада во Романија, каде што освоија сребрени медали.

Натпреварот е наменет за ученици помлади од 16 години и е дел од меѓународната заедница на Олимпијадата по астрономија и астрофизика (IOAA). Неговата цел е да им овозможи на младите астрономи уште во почетните години од средното образование да ги одмерат своите знаења во астрономијата и астрофизиката.

Слични Објави