ШЕКЕРИНСКА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА И ИСЛАНД ГО РАТИФИКУВАЛ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
„Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO“ – напиша вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.
